Иако за многу луѓе првата асоцијација со кафето е утрото и будењето, овој црн пијалок прави чуда и во многу други ситуации.
Тука, пред сè, мислиме на неговите ефекти кога станува збор за нега на кожата и косата . Кафето е богато со антиоксиданси, а кофеинот поттикнува побрзо излачување на токсините и течностите од телото, поради што препаратите на база на кофеин често се користат во антицелулитните препарати.
Маската и пилингот направени од мелено кафе брзо ќе освежат, затегнат и стимулираат циркулација на зрелата и уморна кожа, а се подготвуваат едноставно и брзо. Талог од кафе и малку вода се доволни за наједноставна ексфолијација. Измешајте го малку талогот и втријте го во кожата на лицето пет до десет минути.
Маска од кафе и какао ќе помогне во подобрувањето на циркулацијата
Кафето не само што ќе ве разбуди наутро, туку може да ја „разбуди“ и вашата коса, и тоа со специјално формулиран пилинг, фен за коса, природна маска за подобрување на бојата и плакнење.
Потењето и употребата на разни производи за нега и стилизирање на косата создаваат наслаги на скалпот кои треба да се отстрануваат од време на време. Кафето е идеално за тоа. Измешајте малку кафе и вода за да добиете густа смеса, а потоа нежно масирајте ги површините со неа.
За да ја направите косата свиленкаста и сјајна, измијте ја со кафе. Сварете малку кафе, изладете го и ставете го во фрижидер некое време. По шампонирањето, исплакнете ја косата со оваа ладна течност, а потоа повторно исплакнете ја косата со ладна вода.
Ако сте бринета, пробајте маска за осветлување на бојата. Оваа маска е одлична за добивање убава и сјајна природна кафеава боја на косата. Измешајте мелено кафе, витамин Е и малку гел од алое вера за да направите фина паста. Нанесете ја оваа маска на косата и оставете ја да делува 30 до 40 минути, а потоа измијте ја косата.
Косата ќе биде свиленкаста и сјајна ако пробате пакување кафе, маслиново масло и мед.
The post Вашиот омилен пијалок прави чуда за вашата коса и кожа! Еве како да се грижите за себе со помош на кафе appeared first on Во Центар.



