петок, 27 ноември 2026
Најново

Нетанјаху: Војната со Иран не е завршена, сè уште има работа што треба да се направи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната со Иран не е завршена бидејќи Иран збогатил ураниум кој „мора да се изнесе“ од земјата.

„Мислам дека војната постигна многу, но не е завршена бидејќи сè уште има нуклеарен материјал, збогатен ураниум, кој мора да се изнесе од Иран“, изјави Нетанјаху за Си-Би-Ес.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој рече дека сè уште има места за збогатување кои треба да се демонтираат.

„Постојат балистички ракети што тие сè уште сакаат да ги произведат. Сега деградиравме голем дел од нив, но сè е сè уште таму и има работа што треба да се направи“, рече Нетанјаху во дел од интервјуто објавено од „Тајмс оф Израел“.

Тој првично не прецизираше дали Израел верува дека иранските залихи од збогатен ураниум се закопани под земја во Исфахан.

Сепак, кога го прашале како треба да се отстрани високо збогатениот материјал, тој одговара: „Влези внатре и извади го“.

Поврзани вести