Трагедија попладнево во Росоман, едно лице загина

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила денеска во 18:55 часот на регионалниот пат Градско-Прилеп, во Росоман.

Имано, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ.(45) од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ.(89) од Росоман.

-Од повредите на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци, информира МВР.

Известен е јавен обвинител и во тек е увид од страна на увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Во моментов сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп е во прекин и се пренасочува по регионалните патни правци Р103 и Р107.

Пронајдете не на следниве мрежи: