Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека примирјето меѓу САД и Иран се наоѓа во кревка состојба и може да се распадне во секој момент. За време на обраќање од Белата куќа, Трамп рече дека актуелниот договор останува слаб и без јасни гаранции за долгорочна стабилност.
Тој изрази загриженост и за збогатениот ураниум на Иран, оценувајќи го како многу опасен материјал. Според Трамп, првично постоел договор за негово отстранување, но подоцна Техеран го променил ставот.
Американскиот претседател додаде дека во конфликтни ситуации одлуките често се менуваат, но нагласи дека САД имаат подготвен план за секој можен развој на настаните. На крајот, тој се осврна и на сојузничките групи во регионот, истакнувајќи дека Вашингтон очекувал поголема соработка во прашањата поврзани со безбедноста и вооружувањето.



