Нападнати сопружници, деца и роднини – шест пријави во последното деноноќие, приведени три лица

Три лица лишени од слобода за семејно насилство, со едно извршен службен разговор, вкупно шест пријави во последното деноноќие
На 12.05.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријави дека на 07.05.2026 околу 02:00 часот на подрачјето на општина Гази Баба, нејзиниот сопруг Д.Ј. од скопско, со кого не живеат заедно, физички го нападнал нивниот 13-годишен син, додека бил кај него.
На 11.05.2026 во 10:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.Д.(52) од Скопје, по претходна пријава дека на 10.05.2026 околу 02:30 часот и на 11.05.2026 околу 08:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 47-годишна партнерка, кој употребил и тврд предмет.
На 12.05.2026 во 00:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода А.К.Ј.(38) од Скопје, по претходна пријава дека на 11.05.2026 околу 22:15 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош физички го нападнала нејзиниот 41-годишен сопруг, при што употребила тврд предмет, а притоа оштетила ѝ дел од покуќнината. Според пријавеното, пријавителот и претходно бил психички и физички малтретиран од неговата сопруга.
На 11.05.2026 во 20:45 часот во Полициската станица Кочани, 40-годишна жена од Кочани пријавила дека, по претходна расправија во домот, нејзиниот сопруг Д.Ј. физички ја нападнал. Според пријавеното, тој и претходно се однесувал агресивно и физички ја малтретирал.
На 11.05.2026 во СВР Охрид е извршен службен разговор со А.В.(37) од охридско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот дека физички ја нападнала 55-годишната сестра на нејзиниот сопруг и нејзиниот 37-годишен син, при што употребила и метален предмет.
На 11.05.2026 во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(36) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 34 – годишна вонбрачна сопруга.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Нападнати сопружници, деца и роднини – шест пријави во последното деноноќие, приведени три лица appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: