Педесет и шестгодишен маж од Кочани загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на селото Ратавица, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, во несреќата се повредени уште две лица.
„На 11 мај во 21:28 часот, СВР Штип добила известување дека се случила тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат во село Ратавица, во близина на местото викано „Глобица“. Во несреќата учествувале патничко возило „Југо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.С. (56) од Кочани, и патничко возило „Пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М. (29), исто така од Кочани.
Возачот на „југото“ се здобил со тешки телесни повреди и бил однесен во Клиничката болница во Штип, каде подоцна починал од повредите. Лекар констатирал смрт. Повредени се и неговиот сопатник С.С. и возачот на „пежото“, соопшти МВР.
The post Еден загинат и двајца повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Ратавица appeared first on Во Центар.



