Во Министерството за надворешни работи денеска бил повикан бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков на кого му бил упатен устен демарш поради употребата на терминот „северномакедонски“ од страна на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова.
По вчерашната изјава на бугарската министерка дадена на маргините на Советот на министри за надворешни работи во Брисел го употреби терминот северомакедонски и рече дека имала средба со министерот Тимчо Муцунски.
По ова следуваше реакција од шефот на македонската дипломатија во која тој негираше дека имал средба со неговата бугарска колешка, а за употребата на терминот северномакедонски рече дека е несоодветен бидејќи Македонците се Македонци.
The post Демарш за бугарскиот амбасадор за употребата на терминот северномакедонски во изјавата на бугарската министерка appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



