Вистинска драма вечерва се случува во скопско Козле, откако граѓани пријавиле дека низ улиците се движи волк. Според сведоци, животното било забележано во близина на булеварот Теодосиј Гологанов по што веднаш била известена полицијата.
Полициски екипи брзо пристигнале на местото и успеале да го обезбедат животното, кое во моментот е врзано на паркинг простор додека се очекува интервенција од стручни служби. Очевидци велат дека животното носел синџир долг околу два метра, што отвора сомнежи дека можеби станува збор за животно чувано во заробеништво.
На терен има засилено полициско присуство, а граѓаните се предупредуваат да не се приближуваат поради можна опасност. Од полицијата информирале дека е контактирана Скопската Зоолошока, од каде се очекува екипа за преземање на животни.



