Даниловски за хантавирусот: Во моментот нема индикации за сценарио слично на ковид-пандемијата

Хантавирусите не се нов феномен што вчера се појавил во лабораторија. Тие се одамна познати во медицината. Претставуваат група вируси поврзани со глодари, кои се нивен природен резервоар. Луѓето најчесто се инфицираат преку контакт со аеросоли и честички прашина контаминирани со измет, урина или плунка од заразени глодари. Ова го истакна епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски за ТРТ Балкан, прашан да го појасни хантавирусот како своевиден феномен, кој според д-р Даниловски „стана новата суровина за глобалната индустрија на страв.“

Во изминатите денови д-р Даниловски на социјалните мрежи објави статус во кој се осврна на хантавирусот, притоа отворајќи го прашањето „дали навистина хантавирусот ни е најголемиот јавноздравствен проблем?“

Во тој контекст, д-р Даниловски истакнува дека по пандемијата од Ковид-19, општеството станало психолошки пресензитивно на теми поврзани со инфективни болести.

„Јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв. Особено загрижува фактот што во таквата атмосфера понекогаш активно учествуваат и здравствени професионалци, чиишто јавно изговорен збор носи огромна тежина, зашто, покрај името им стои титула доктор.По ковид-пандемијата, општеството остана психолошки преосетливо на теми поврзани со инфективни болести“, истакнува Даниловски.

Според него, доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото.

„Речиси по автоматизам, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“… Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус. Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв“, вели д-р Даниловски.

Продолжува дека се доволни само неколку драматични формулации, неколку недоискажани инсинуации и една фотографија со лабораториски амбиент, за кај дел од населението повторно да се активира чувството дека „нешто се подготвува“.

Во таков контекст, смета тој, јавната комуникација на медицинската фела повеќе „не е приватна работа“, додавајќи дека социјалните мрежи (веќе) се масовен медиум, а алгоритмите наградуваат страв.

Хантавирусите не се нов феномен

Хантавирусите, истакнува Даниловски, не се нов феномен што вчера се појавил во лабораторија, појаснувајќи дека тие се одамна познати во медицината.
The post Даниловски за хантавирусот: Во моментот нема индикации за сценарио слично на ковид-пандемијата appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: