Борусија во Минхен ќе го спасува првенството

Двата најдобри германски тима Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе ги одмерат силите во 15-то коло, во Бундес лигата.

Баерн, според формата и бодовниот учинок, во овој натпревар влегува како фаворит, од друга страна, Борусија, со евентуален пораз, ќе може да се прости од одбраната на титулата.
Баварците, од почетокот на сезоната рушат рекорди, во првите 14 кола, екипата на Јуп Хајнкенс, од можните 42, освои 37 бодови, со неверојатна гол разлика 40-5.
Борусија, од почетокот на првенството загуби премногу бодови од објективно послаби екипи, но се чини дека нивна главна цел оваа сеозна се настапите во Лигата на шампиони.
Инаку, ова коло, во петок ќе го отворат Фортуна и Ајнтрахт, екипи кои се повратници во Бундес лигата. Фортуна, во минатото коло одигра нерешено против шампионот во Дортмунд, додека Ајнтрахт, на домашен терен забележа пораз од Мајнц.
Тимот на македонскиот репрезентативец, Николче Новески, кој во вторникот го постигна својот трет гола оваа сезона, во 15-то коло ќе го пречека Хановер.

Петок, 30.ноември:
Фортуна-Ајнтрахт

Сабота, 1.декември:
Шалке-Борусија Менхенгладбах
Баер Леверкузен-Нинберг
Мајнц-Хановер
Аугзбург-Фрајбург
Гројтер Фирт-Штутгарт
Баерн Минхен-Борусија Дортмунд

Недела, 2.декември:
Хофенхајм-Вердер
Волфсбург-Хамбургер

Табела: Баерн 37, Баер Л. 27, Борусија Д. 26, Шалке и Ајнтрахт 24…

Пронајдете не на следниве мрежи: