ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен на, како што велат, „отстапки и предавства“ во однос на македонскиот национален идентитет, со цел да дојде на власт.
Од партијата тврдат дека Филипче ја продолжува политиката на поранешниот премиер Зоран Заев и го обвинуваат дека е „пиoн“ на бугарскиот претседател Румен Радев.
Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ реагира и на употребата на терминот „северномакедонци“ од страна на бугарската министерка Велислава Петрова Чамова, оценувајќи го како навредлив и неприфатлив за Македонците. Според партијата, Филипче не ја осудил ваквата изјава, ниту побарал таа да не се повтори во иднина.
„Филипче, кој во поданоста го надмина и Заев, стана главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека лидерот на СДСМ одбивал консензус за националните прашања и реформската агенда.
Од партијата обвинуваат и дека Филипче води политика „на штета на Македонија и македонскиот народ“, оценувајќи дека неговите постапки се резултат на, како што наведуваат, „уцени“.



