Министерството за внатрешни работи размислува за порестриктивни мерки за електричните тротинети. Министерот Панче Тошковски денеска најави законски измени во иднина, но без конкретни детали.
– Не можам сега да навлегувам во детали дали ќе станува збор за ограничување до 18 или до 16 години, дали ќе одиме со забрани или со порегулиран систем, но во секој случај, јасно е дека на ова поле се потребни законски измени со цел зголемување на безбедноста поврзана со овој тип превозни средства, изјави Тошковски.
Од државите во регионот, Грција по серијата несреќи најави забрани за тротинети за малолетници и построги контроли.
Во однос на моторџиите, Тошковски најави сакнции за оние кои не ги почитуваат сообраќајните прописи и правила.
Вистинските моторџии не ги прекршуваат сообраќајните правила, но оние кои глумат моторџии, не носат кацига, не ги почитуваат сообраќајните правила и возат со поголема брзина од дозволената, вели Тошковски ќе бидат во фокусот на МВР во следниот период.
The post МВР најавува порестриктивни мерки за тротинетите, но засега без детали appeared first on Provereno.



