Итно и едногласно, Судскиот совет го суспендира судијата Алији, осомничен дека зел поткуп од 8.000 евра

Судскиот совет денеска, на итна седница, донесе едногласна одлука привремено да го оддалечи од судиската функција вршителот на должност претседател на Основниот суд Гостивар, Елјеса Алији.

Контроверзниот Алији вчера беше уапсен под сомнение дека примил поткуп од 8.000 евра за незаконско влијание врз судски одлуки. На неговото место во гостиварскиот суд, како нов вршител на должност претседател, експресно е именуван судијата Мирослав Петроски.

Освен судијата Алији, во случајот е опфатен и висок судски администратор од истиот суд. Двајцата се гонат за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, кое според истражните органи го вршеле во подолг временски период, поточно од почетокот на 2023 година па сè до 2025 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: