Кулминираше најголемиот корупциски скандал во Куманово. Додека јавниот обвинител си се слуша со премиерот Мицкоски и ништо не презема, си врват бизнисите на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, рече на прес конференција Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.
„Советот на општина Куманово на вчерашната седница со 17 гласа ЗА донела скандалозна одлука за измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ Тоде Мендол, (дел од УБ63 плански опфат) каде што се парцелите од скандалот поврзан со кумот на Димитриевски. Со оваа одлука 600 илјади евра ќе си легнат на сметката на Драган Митевски, кум и бизнис партнер на Максим Димитриевски. Кој гласаше за оваа одлука? Советниците на ЗНАМ, ВМРО-ОКГ и ВЛЕН. Максим е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата“, рече Младеновска.
Таа обвини дека се работи за епски корупциски скандал во Куманово.
„Сè е приватен бизнис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери. Драган Митевски, кум на Максим, преку ноќ купил земјиште од Димитриевски и неговото семејство за 250.000 евра. Неколку дена подоцна, го продал на Лидл за 600.000 евра со што заработил 350.000 евра со нула инвестиција, преку ноќ. Потоа ги овластил купувачите да спроведат постапка за менување на ДУП кај неговиот кум Димитриевски. Вчера со одлука на советот ова е реализирано. Постои ли поочигледен судир на интерес и корупција? Ова е епски корупциски скандал во Куманово. Уште еден доказ дека ЗНАМ е формирана заради бизнис интересите на Димитриевски ништо повеќе“, вели Младеновска.
Обвини дека јавниот обвинител наместо да слуша, чека наредби од премиерот.
„Максо кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа. Човекот кој ја предаде својата партија, а потоа и своите гласачи. Човекот чие здружение се распаѓа затоа што ги измами и предаде и своите колеги. Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат. Јавниот обвинител наместо да се слуша со премиерот и да чекаа наредби од него да го истражи најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово со земјиште, во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум и бизнис партнер Драган Митевски. Затоа оваа банда не сака ЕУ, не сака реформи, ќе мора да одговараат. Но одговорност ќе има, кога тогаш. Сите ќе одговараат“, посочи Младеновска.



