Кедев :…по завршувањето на процесот ќе треба да се кажат имињата на болниците и докторите а таму кај што ќе се утврди дека е постапувано спротивно на медицината базирана на докази, да има и санкции од правен тип. Овие доктори според Кедев, уште работат.
Целосниот извештај од странската експертска комисија, која потврди девет случаи на непотребни кардиохируршки интервенции, нема да биде јавно објавен бидејќи содржи медицински и лични податоци, изјави за МИА министерот за здравство, Азир Алиу. Тој појасни дека согласно Законот за заштита на правата на пациентите, овие податоци морале да се чуваат во тајност, а самото техничко прикривање на имињата не е доволно.
„Во вакви случаи не е доволно само технички да се затемнат името и презимето, затоа што преку комбинација на дијагнози, датуми, установи, тип на интервенција и клинички тек може да се дојде до индиректна идентификација на пациентите“,вели Алиу.
Извештајот од странската експертска комисија се однесува на вкупно 13 предмети, а кај девет од нив се утврдени сомнителни наоди во дијагностичката евалуација и несоодветна индикација за ендоваскуларни или хируршки процедури.
Наодите на странската комисија во значаен дел се поклопуваат со оние на домашната, но министерот нагласи дека секоја комисија работела целосно самостојно и независно.
На прашањето зошто случаите сè уште се третираат како сомнителни кога две комисии донеле ист заклучок, Алиу појасни дека Министерството за здравство нема овластување да носи правни квалификации. Нивна обврска е да ги соопштат стручните наоди и да ги зајакнат системските мерки за да се спречат вакви појави во иднина.
„Тоа што беше соопштено е дека наодите од домашната и странската стручна комисија ќе бидат доставени до надлежните институции, вклучително и до Јавното обвинителство. Наодите на двете комисии претставуваат стручна основа и затоа Министерството ќе постапи институционално и одговорно. Но, евентуалните наредни чекори, вклучително и дали ќе се бара дополнително вештачење, се во надлежност на Јавното обвинителство, а не на Министерството за здравство“, додава Алиу.
Лешоски: Д-р Кедев да ги праша,“Како заспивате навечер колеги знаејќи дека сте расекле нечии гради без потреба, има ли Бог во вас?”
Министерот, вчера, на прес-конференција ги соопшти наодите на странската комисија што беше ангажирана да даде миселње во врска со наводите за непотребни кардиолошки и кардиохируршки интервенции што биле вршени во клиники во земјава, случај кој беше инициран по изјава на кардиохирургот д-р Сашко Кедев, минатата година.
Извештаите од интерната и странската комисија, беше кажано, ќе бидат доставени до Владата, до Јавното обвинителство, до Лекарската комора, до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Фондот за здравствено осигурување и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Одговарајќи вчера на прашање на „360 степени“, за тоа дали може да биде дециден и да каже дека овие девет пациенти биле непотребно оперирани или не, министерот Алиу се повика на извештаите од стручната комисија кои покажале дека од 13 случаи што беа дефинирани тие велат дека се девет.
Министерот во одговорот на уште едно прашање од „360 степени“, а кое се однесуваше на неговите претходни јавни настапи и прес-конференции на кои ветуваше дека резултатите од извештајот ќе бидат јавно достапни, рече дека во оваа фаза не може да прави сензација со имиња, затоа што со тоа повредува други закони ако излезе со имиња. На прашањето дали смета дека извештаите со имињата на докторите и болниците сепак треба да бидат јавно достапни за медиумите, а со тоа и за граѓаните, бидејќи сепак станува збор за човечки судбини и за пари на граѓаните,рече Алиу
Сепак д-р Кедев уште со отоврањето на проблемот бара санкции, бараат и граѓаните и тие кои се оштетени, затао што тие исти клиники и доктрои сеуште се активни. Обвинителството е тоа се само по допрен глас туку и со извештаи кои ги има ќе мора да постапи.
Тоа што Комисијата на Министерството за здравство го пронајде за непотребно изведените операции на срце, е само врвот на сантата мраз, алрмирааше доктор Сашко Кедев, кој прв проговори за овој скандал.
По неговата изјава во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“, каде кажа дека во приватното здравство се вршат кардиохируршки интервенции без медицинска индикација а само поради профит, комисија составена од министерот за здравство почна да ги истражува овие наоди. Меѓутоа, истрагата се прошири и на државното и на приватното здравство, иако наводите на Кедев се однесуваа само на приватното. Првичните наоди се дека од 25 кардиохируршки интервенции 10 се непотребни или со непотребно упатување.
„Значи, овие бројки се минимални во однос на потенцијалните неправилности и недоследности од овој аспект и ова само може да послужи како иницијален стимул за да се расчисти со оваа пракса, бидејќи најверојатно во овој процес се вклучени многу субјекти. Не само приватните болници, туку потенцијално и други здравствени институции, јавни здравствени институции, вработени во јавни здравни институции“, вели интервентниот кардиолог во интервју за „360 степени“.
Тој смета дека по завршувањето на процесот ќе треба да се кажат имињата на болниците и докторите а таму кај што ќе се утврди дека е постапувано спротивно на медицината базирана на докази, да има и санкции од правен тип. Овие доктори според Кедев, уште работат.
The post Алиу не кажува кој непотребно оперирал срце, не смеел. НА ред е Обвинителството appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



