МВР информира дека доцна синоќа во 22:20 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода С.С.(40) од Велес.
Од страна на полициските службеници било сопрено патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С. и при преглед кај него и во возилото била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
Исто така, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана и таблети.
С.С. бил приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



