Нападнат малолетник во Аеродром, повреден и 25-годишник кој сакал да го одбрани

Малолетник на 16 години синоќа бил нападнат од негов врсник, а 25-годишен скопјанец е исто така нападнат откако се обидел да го одбрани малолетникот.
Инцидентот се случил пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром околу 22:30 часот.
Случајот во полиција го пријавила мајката на нападнатиот малолетник, како и нападнатиот 25-годишник.
– На 17.05.2026 во 13:50 часот во СВР Скопје, 36-годишната М.Б. од Скопје пријавила дека на 16.05.2026 околу 22:30 часот пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од друг 16-годишен малолетник, кој употребил тврд предмет, а потоа го нападнал и М.Д.(25) од Скопје, кој го бранел нападнатиот малолетник. Додека, пак, на 17.05.2026 во 11:45 часот, М.Д.(25) од Скопје пријави дека на 16.05.2026 околу 22:30 часот во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од 16-годишник, додека бранел друг малолетник, информира денеска МВР.
За настанот е известен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
The post Нападнат малолетник во Аеродром, повреден и 25-годишник кој сакал да го одбрани appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: