Подвигот на Барселона ја воодушеви Шпанија: „Вакво нешто никогаш не е видено во Ла Лига“

Барселона од оваа сезона нема да биде запаметена само по освојувањето на титулата шампион на Шпанија, туку и по тоа што влезе во историјата на Ла Лига како прв тим што ги добил сите натпревари на домашен терен.

„Вакво нешто никогаш не е видено во Ла Лига“, е насловот на текстот на Марка по победата на Барселона против Бетис, со која Каталонците ја завршија сезоната без ниту еден кикс пред своите навивачи.

Тимот на Ханси Флик ги доби сите 19 натпревари што ги одиграа дома оваа сезона, и покрај фактот дека се преселија неколку пати.

Каталонците играа како домаќини на три различни локации – стадионот „Јохан Кројф“, Олимпискиот стадион „Љуис Компанис“ и „Спотиф Камп Ноу“, кој во меѓувреме беше во процес на реновирање, па клубот мораше привремено да игра на други терени.

На стадионот „Сант Жоан Деспи“ ги победија Валенсија и Хетафе, а на Монжуик беа подобри од Реал Сосиедад, Жирона и Елче.

На реновираниот стадион, се редат Атлетик, Алавес, Атлетико, Осасуна, Овиедо, Мајорка, Леванте, Виљареал, Севиља, Рајо, Еспањол, Селта, Реал Мадрид и Бетис.

Разликата во головите на домашен терен е исто така импресивна, бидејќи постигнаа 57 гола, а примија само 10.

Барселона со тоа ја завршува сезоната 2025/26 со освојување на Ла Лига и шпанскиот Суперкуп, но и со влегување во историјата на првенството како тим кој се покажа како непобедлив на свој терен.
The post Подвигот на Барселона ја воодушеви Шпанија: „Вакво нешто никогаш не е видено во Ла Лига“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: