Ристов: Идејата за анализата на блок тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена на струјата

Идејата за анализата за блок тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена за електрична енергија, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Ацо Ристов.

-Овој систем на блок тарифи е донесен за време на енергетската криза. Од тогаш до сега, во енергетскиот сектор се имаат променето многу работи.

Тоа е и повод за размислување како да се воспостави систем кој ќе обезбеди произведената електричната енергија од обновливи извори, која е далеку поевтина од онаа што ја произведува ЕСМ а државата ја субвенционира, да стигне до граѓаните.

Ние сме во нов енергетски период. Енергетиката е динамична, а наша цел како регулатори е евтината енергија да дојде до домаќинствата, рече Ристов во интервју за емисијата Аргумент на ТВ24.

Идејата, нагласи, е да се искористи хиперпродукција на електричната енергија од фотоволтаичните централи и истата да се стави во систем за да може да ја користат граѓаните и зошто ако можеме да дозволиме проширување на евтината дневна тарифа, тоа да се направи од два на пет часа.

-Ноќната тарифа ќе остане, но може ќе се помести периодот- да ги видиме резултатите од анализата што ќе покажат, потенцира Ристов.

Пронајдете не на следниве мрежи: