И ТЕПАН И БЕЗ ПАРИ: Газда во Делчево истепал работник бидејќи дал отказ згора на се му земал 26.000 денари

Вработен од Делчево пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопственик на такси компанија каде што претходно работел, а притоа му биле одземени и 26.000 денари.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 17 мај во Полициската станица Делчево, 56-годишниот М.М. пријавил дека инцидентот се случил ден претходно по расправија со Д.Р., сопственик на такси компанијата.

Како што навел пријавителот, поради нерасчистени односи околу неговото заминување од работа, Д.Р. најпрвин со клучеви го оштетил неговото патничко возило „Фолксваген Пасат“.

Подоцна, во близина на угостителски објект во Делчево, според пријавата, сопственикот заедно со уште две лица физички го нападнале и го принудиле да им даде 26.000 денари, наводно затоа што без најава ја напуштил работата.

Пронајдете не на следниве мрежи: