Социјалдемократската младина на Македонија бара итно повлекување на студентски стандард бидејќи законот, според нив е директен удар врз студентскиот стандард.
– Се намалуваат стипендиите за социјални категории, поскапува сместувањето во студентските домови. За прв пат се воведува категоризација на студентските домови во два типа – Тип 1: Енергетски ефикасни и реконструирани објекти и Тип 2: Постојни, односно нереновирани студентски домови. Во превод – богатите ќе можат да престојуваат во реновирани домови со подобри услови, а сите останати во старите и нереновирани домови, посочуваат од СДММ.
Стефанија Кузмановска на прес-конференција рече дека власта крати и од поддршката на студентите за сместување и исхрана затоа што за домовите од Тип 1, наместо досегашните 50 проценти, државата ќе покрива само до 40 проценти од трошоците, а за домовите од Тип 2, партиципацијата останува до 50 проценти.
Според СДММ, со измените власта ја укинува и мерката донесена во ковид кризата односно нема повеќе поддршка до 6.000 денари за приватно сместување или меѓуградски превоз за студентите, а се крати и можноста за повеќе стипендии за социјално ранливите категории на студенти.
– Со оваа власт, на која не и се важни студентите, младите ќе си заминуваат од државата уште порано, барајќи подобри услови, поголема сигурност и поправеден систем на странските универзитети. Ударот врз студентите е удар врз иднината на државата, изјави Кузмановска.
The post СДММ бара повлекување на измените за студентски стандард appeared first on Provereno.



