Иако тимот на Манчестер Сити претрпе генерациска смена во последните неколку години, заминувањето на Пеп Гвардиола од менаџерската позиција ќе предизвика дополнителни големи промени.
Гвардиола објави дека ќе ги напушти „Граѓаните“ на крајот од сезоната, а пет играчи исто така ќе го напуштат тимот, според „Трансфермаркт“ .
Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол исто така е на пат да си замине, откако помина долг период на опоравување од повреда, по што дури неодамна се врати на теренот.
Гвардиол веќе се поврзува со Реал Мадрид и се поизвесно е дека ќе ја продолжи кариерата таму, а Тиџани Рејндерс, Омар Мармуш, Џ.Фил Фоден и Џејмс Трафорд исто така се пред заминување од „Етихад“.
Рејндерс во моментов е најблиску до Јувентус, Мармуш до Барселона, а Баерн Минхен е заинтересиран за Фоден.
Најмалку важно заминување би било она на Трафорд, бидејќи станува збор за резервен голман, а тој е цел на Брајтон.
За потсетување, Сити веќе постигна договор со Енцо Мареско да стане наследник на Гвардиола, а тоа очигледно ќе донесе огромни промени во овој клуб кој доминираше во англискиот фудбал во последните петнаесет години.
The post Гвардиола си заминува со Гвардиола: Пет играчи на Сити се пред излез од клубот appeared first on Во Центар.



