Присуството на странски државјани на протестите во Македонија е изигрување на членот 8 од Законот за јавни собири.
Странци можат да одржуваат јавен собир доколку тоа го пријават и доколку добијат одобрение од МВР.
Ова го посочува професорката и општествен критичар, Мирјана Најчевска, која како и вообичаено имаше свое видување, но и критика за актуелните случувања во земајва.
– Посебно одобрение.
А тој амбасадорот на Албанија мора да се викне во МНР и добро да се изриба за дадената изјава.
На сите странци кои учествувале на демонстрациите треба да им се изрече забрана за влез во Македонија минимум од една година – нагласува Најчевска.



