Британската полиција започна истрага за два случаи на сексуална злоупотреба на деца откако информации поврзани со нив се појавија во документи објавени од Министерството за правда на САД во врска со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
Едниот од инцидентите се однесува на градовите Сари и Беркшир во јужна Англија и се случил во втората половина на 1990-тите, а другиот се однесува на инциденти во градот Сари кон крајот на 1980-тите, објави Ројтерс.
„Сè уште нема апсења. Сите пријави за сексуални престапи ги сфаќаме сериозно и работиме на утврдување линии на истрага за да потврдиме информации или да утврдиме докази“, соопшти полицијата во Сари.



