Илон Маск претрпе тежок пораз

Калифорниската порота едногласно ја отфрли тужбата на Елон Маск против креаторите на ChatGPT.

Порота во американската држава Калифорнија ја отфрли тужбата поднесена од американскиот милијардер Илон Маск против компанијата OpenAI, сметајќи ја дека не е одговорна за наводно отстапување од првичната мисија за развој на вештачка интелигенција во корист на човештвото, со едногласен заклучок дека Маск ја поднел тужбата предоцна, со што заврши судскиот процес што започна на 28 април и траеше 11 дена.

Случајот, според Ројтерс, привлече големо внимание од јавноста бидејќи се смета за клучен за иднината на развојот и регулирањето на вештачката интелигенција, вклучително и прашањето кој има корист од неа и како се применува.

За време на судењето, и Маск и извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, беа критикувани за кредибилитетот, при што двете страни се обвинуваа меѓусебно дека го воделе процесот од финансиски интереси, а не од јавен интерес.

Маск во тужбата тврдеше дека OpenAI неправедно се стреми да ги збогати инвеститорите и внатрешните засегнати страни на сметка на непрофитната мисија, како и дека ги занемарува безбедносните аспекти на развојот на вештачката интелигенција.

Од друга страна, OpenAI го обвини Маск дека самиот е мотивиран од профит и дека предоцна презема правни мерки за наводно кршење на основачкиот договор.

Маск и Алтман беа меѓу основачите на Open AI во 2015 година, но се разидоа околу насоката на развој на компанијата.

Спорот се фокусира на тврдењата на Маск дека Open AI и нејзините лидери, вклучувајќи го и Грег Брокман, го прекршиле оригиналниот договор за одржување на организацијата како непрофитна, објави CNBC.

The post Илон Маск претрпе тежок пораз appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: