Студентите од Албанија најавија протест во Тирана за поддршка на студентите Албанци од Македонија

Студентите од Албанија најавија протест во Тирана на 26 мај во поддршка на студентите Албанци од Македонија кои студираат на албански јазик за време на студиите и бараат нивниот испит по право да биде исто така на албански јазик, објавија дел од медиумите во Тирана.

Протестот ќе се одржи во 17 часот по локално време на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана.

Барањето на студентите Албанци по право на неколку универзитети во земјава, завршните испити да се одржуваат на албански јазик не е ново. Нивното барање не доби позитивен одговор од Министерството за правда, а по нивниот прв протест на 6 април, властите ветија дека ќе најдат решение. Студентите одржаа втор протест со ова барање на 18 мај во Скопје.

Од Владата велат дека решението со кое треба да се надминат причините за протестите на албанските студенти ќе биде испратено во Венецијанската комисија. Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прозивките на ДУИ, вели дека го решаваат наследениот проблем на оние кои имале 20 години да најдат решение, а не го направиле тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи: