Во скопското село Копаница пронајдено е беживотно тело на 37-годишна жена со прострелна рана во главата
Јавното обвинителство соопшти дека е извршен увид на самото место и дека телото е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки за целосно расчистување на случајот.
– Покрај телото е пронајден пиштол „глог19“, сопственост на нејзиниот сопруг. Лицето веднаш беше обезбедено и Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали, по член 396 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот и притворската мерка е прифатена од Судот, информира Обвинителството.
The post Жена со прострелна рана пронајдена во скопска Копаница appeared first on Provereno.



