петок, 27 ноември 2026
Најново

Мицкоски: ЕСМ вложи жалба за предметот со мазутот, очекуваме Вишото обвинителство правилно да ги разгледа фактите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ЕСМ вложило жалба за набавката на мазутот во РЕК и ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

„Да, ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и очекуваме сега Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи според тоа коешто е содржано во жалбата. Така што еве да почекаме што ќе одлучи Вишото јавно обвинителство, па потоа да коментираме“, рече Мицкоски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Претходно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го отфрли предметот со став дека немало штета врз државниот буџет со набавката.

Поврзани вести