Трагедија на скопската обиколница: Четири лица изгореа во BMW по директен судир со камион

Страшна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија доцна синоќа, откако на скопската обиколница во близина на клучката Радишани – Мирковци, во директен судир меѓу автомобил „BMW“ и камион со косовски регистарски таблички, животот го загубија четири лица. Според првичните информации, по силниот удар автомобилот веднаш се запалил, а патниците не успеале да излезат од возилото.

Несреќата се случила околу 23:30 часот, а очевидци за медиумите велат дека сцените биле ужасни. Возилото било целосно пеплосано од пожарот, поради што идентификацијата на жртвите ќе биде дополнително отежната и ќе бидат потребни дополнителни истражни процедури

Според неофицијални информации објавени од повеќе медиуми, возачот на камионот преживеал, а се истражува можноста тој да ја изгубил свеста од замор и да преминал на спротивната коловозна лента, по што дошло до фаталниот судир. Овие информации засега не се официјално потврдени од институциите.

На местото на трагедијата веднаш пристигнале екипи на полицијата, пожарната и Итната медицинска помош, а увидот траел до раните утрински часови. Надлежен јавен обвинител врши истрага за причините за несреќата, при што ќе се анализираат и трагите од сопирање, како и снимките од системот „Безбеден град“. Македонија утрово се разбуди во шок по една од најтешките сообраќајни трагедии во последниот период
The post Трагедија на скопската обиколница: Четири лица изгореа во BMW по директен судир со камион appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: