Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи демантира дека неговара вчерашна изјава е покана за широка коалиција и Влада.
„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.“



