Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски се сретна со новоизбраната шефица на бугарската дипломатија Велислава Петрова. Средбата се одржа на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Шведска.
Министерството на надворешни работи соопшти дека Муцунски ја нагласил потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, но притоа ги нагласил позициите на Владата укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори.
Муцунски го отворил и прашањето за почитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија, нагласувајќи ја потребата од доследно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.
The post Муцунски се сретна со Велислава, ги повторил македонските позиции appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



