Доналд Трамп повторно предизвика реакции на социјалните мрежи со необична изјава за својот најстар син, Доналд Трамп Помладиот, чија свадба е закажана за следниот викенд на Бахамите.
Говорејќи во Овалната соба, Трамп рече дека не е сигурен дали ќе присуствува на свадбата поради обврските поврзани со Иран и други меѓународни прашања.
Би сакал да одам, но тоа ќе биде мала приватна церемонија и ќе се обидам да стигнам. Реков дека ова е лошо време за мене. Имам нешто што се вика Иран и други работи“, изјави Трамп
Тој додаде дека медиумите ќе го критикуваат без разлика каква одлука ќе дoнесе.
Најголемо внимание, сепак, привлече неговиот коментар за сопствениот син.
„Тој е човек што го познавам долго време“, рече Трамп, по што изјавата стана предмет на потсмев и шеги на социјалните мрежи.
Доналд Трамп Помладиот викендов треба да се ожени со Бетина Андерсон. Тој претходно беше во брак со Ванеса Трамп, со која има пет деца.



