Обвинителството бара притвор за возачот на камион во несреќата кај скопската обиколница

Надлежниот јавен обвинител за сообраќајната несреќа на скопската обиколница бара притвор за косовскиот државјанин кој управувајќи камион удри во БМВ во кое загинаа четири лица.
Возачот на камионот се сомничи за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
       Осомничениот 76-годишник управувајќи товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички во близина на клучката Мирковци не ја прилагодил брзината на движење на возилото кон условите на патот и изгубил контрола над возилото пробивајќи ја металната ограда и преминувајќи на спротивната страна од автопатот.
– Кога дошол во близина на клучката Мирковци брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадени услови можел да ја предвиди. Во еден момент изгубил контрола над возилото и свртел во лево, па удрил и ја пробил металната одбојна ограда и продолжил со движење, преминувајќи на коловозот од автопатот наменет за движење на возилата од спротивната насока, каде во него со предната страна удрил автомобил „БМВ“ кој се движел во насока од исток кон запад. По ударот автомобилот и камионот се запалиле. Во несреќата на лице место починале четворицата патници во патничкиот автомобил, информира вечерва Обвинителството.
        Во несреќата кога денеска ја потресе македонската јавност загинаа познатиот баритон Ристе Велков и неговиот 20-годишен син, како и двајца негови 20-годишни другари.
The post Обвинителството бара притвор за возачот на камион во несреќата кај скопската обиколница appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: