Костадинов за оставката на Земон: На СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација

Оставката на Рубин Земон од член на Извршниот одбор на СДСМ ја коментираше поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека на СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација, а не ад хок комбинаторики.

– Сакам да истакнам дека немам апсолутно никаква намера да ја навредам личноста или делувањето на мојот пријател Рубин Земон, ова е проблем на стратегијата и принципите, а не на поединецот, напиша Костадинов.

Ваквите случувања, според Костадинов, се чист доказ колку скапо чини играњето кадровски рулет во политиката, класично дежа ву на Струмица во предизборието на локалните избори.

The post Костадинов за оставката на Земон: На СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: