петок, 27 ноември 2026
Најново

Османи: Ги молев американските претставници да му дадат на Курти уште една шанса

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешната претседателка на Косово, Вјоса Османи, ги отфрли тврдењата дека ја критикувала владата на Албин Курти на меѓународната сцена, нагласувајќи дека, напротив, ги бранела потезите на извршната власт и се залагала за континуирана комуникација меѓу Приштина и Вашингтон.

Зборувајќи во Ѓаковица на платформата „Ајде да разговараме“ што ја започна претседателот на ЛДК, Љумир Абдиџику, Османи изјави дека медиумските извештаи за нејзините наводни дејствија против косовската влада се лажни и дека таа ги претставувала ставовите на косовските институции во разговорите со меѓународните партнери, објавува „Репортери“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Тие се обидуваат да прикажат во насловите дека сум ги напаѓала, но се случило токму спротивното. Секоја акција била бранета, секој потег бил оправдан. Дури и упорно барав од САД да се сретнат со премиерот.

На секоја средба ги молев да разговараат со него и да му дадат шанса“, рече Османи. Таа додаде дека нејзиното единствено барање до американските претставници било да му дадат уште една шанса на Курти. „Ги молев: „Дајте му уште една шанса“. Тоа беше моето единствено барање“, рече Османи.

Поврзани вести