Триесетдневен притвор за возачот на камион кој ја предизвика сообраќајката на скопската обиколница

Триесетдневен притвор доби возачот на камион со косовски таблички кој ја предизвика сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица.
– Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, информираше денеска Кривичниот суд.
Возачот на камионот, 76-годишен косовски државјанин, се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Според Обвинителството, возачот на камион не се придржувал кон прописите на патот и не ја прилагодил брзината кон условите на патот. Изгубил контрола над возилото, удрил во металната ограда и преминал на другата страна од автопатот каде се движело БМВ во кое загинаа четири лица од кои тројца 20-годишни момчиња.
Меѓу загинатите е и познатиот баритон на Македонската опера Ристе Велков.
The post Триесетдневен притвор за возачот на камион кој ја предизвика сообраќајката на скопската обиколница appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: