Во Куманово се одржа митинг за поддршка на Александар Вучиќ

Неколку стотици граѓани се собраа денес напладне во Куманово на митинг во поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, организиран од здружението „Мир, хармонија и стабилност“.

Присутните држеа транспаренти на кои пишуваше „Куманово и Скопје се со Вучиќ“, додека во позадина се слушаше српска народна музика. На митингот се вееја македонски и српски знамиња.

Здружението соопшти дека нивната цел не е ширење национализам, туку промовирање љубов, мир и стабилност меѓу граѓаните.

Претставничката на здружението, Милена Величковиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали покана за учество е испратена и до вицепремиерот и министер за политички систем Иван Стоилковиќ, изјави дека нема информации дали тоа се случило.

Во меѓувреме, денес во Србија се одржува голем протест, организиран од неформалната група „Студенти во блокада“.

Централниот митинг е закажан на плоштадот Славија во Белград, каде што своето учество го најавија академици, активисти и граѓани од различни делови на земјата.
The post Во Куманово се одржа митинг за поддршка на Александар Вучиќ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: