Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

Македонија денеска го одбележува денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Во Охрид во црквата „Света Софија“ ќе се одржи свечена академија под мотото „Од слово до вечност“ на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Собраниска делегација предводена до претседателот на Собранието Африм Гаши е во Рим каде вчера поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан во базиликата „Сан Клементе“ одржа молебен.
Честувувањето на браќата Кирил и Методиј почна во петокот кога пред платото на најстариот универзитет во земјава кој го носи името на светите браќа беше положено цвеќе, а потоа се одржа свеченост во Ректоратот на универзитетот на кој беа прогласени најдобрите дипломирани студенти.

The post Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: