Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно повика на национално обединување. Од црквата Света Софија во Охрид на денот на сесловенските просветители, Мицкоски со порака дека државата мора да влезе во Европската унија, но притоа да останеме сочувани и достоинствени.
Кон опозицијата со критики дека штитат туѓи интереси и дека одбивајќи да се обединат за националните прашања, осудени се на пропаст.
Направив сè за да подадам рака кон опозицијата, да се обединиме. Тие секоја шанса ја испуштија и нема постојано да чекаме тие да се одоброволат за да делуваме заедно за националните интереси.
Затоа јас повикувам на народно и интелектуално обединување на државата. Тоа што некои се лидери на политички партии во опозицијата и ја имаат таа улога, не значи и дека се лидери на својот народ. Одбивајќи да се обединиме за националните прашања, тие се осудени на пропаст. Стануваат маргинални служители на туѓите интереси, рече Мицкоски.
Оцени дека Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции и дека ги разбира, иако не ги оправдува, позициите на Бугарија.
– Имаме отсуство кај дел од луѓето на чувство за припадност кон својот народ и подготвеност со гордост да го носат она што јас го велам – мекото ткиво на македонскиот народ. И колку ние сме поголема брана на предизвиците, тие се поагресивни, рече Мицкоски.
The post Мицкоски до опозицијата: Тие секоја шанса ја испуштија, стануваат маргинални служители на туѓите интереси appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



