Бремена малолетничка со породилни болки вчера била хоспитализирана на Клиниката за гинекологија, а нејзината 38-годишна мајка е приведена. Полицијата денеска соопшти дека со таткото е извршен службен разговор и се истражуваат причините за овој случај.
– На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки. Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.
The post Малолетничка со породилни болки хоспитализирана, мајката приведена appeared first on Provereno.



