Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, официјално го објави конечниот список од 26 играчи кои ќе ја претставуваат „Црвената фурија“ на Светското првенство.
Објавувањето на листата донесе неколку изненадувања, вклучувајќи го неочекуваното враќање на Ерик Гарсија и еден историски факт – на листата нема ниту еден играч на Реал Мадрид, што е прв таков случај во историјата на Шпанија на Светското првенство.
Имињата на избраните играчи не ги прочитал тренерот Де ла Фуенте, туку шпанскиот крал Фелипе VI и „обичните“ граѓани од улиците, што требало да испрати порака дека ова е претставување на целата нација.
Церемонијата се одржа во „Еспасио Мувистар“ во Мадрид, а домаќин беше Хесус Навас, светскиот шампион од 2010 година.
OFFICIAL: Spain squad for World Cup has been released by Luis de la Fuente pic.twitter.com/DwiGfxHX04— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 25, 2026
Најголемото изненадување на листата е дефанзивецот на Барселона, Ерик Гарсија. Тој не го носел дресот на репрезентацијата од Светското првенство во Катар и досега никогаш не бил во плановите на тренерот Де ла Фуенте во сениорската селекција. Сепак, тој го освои своето место како четврти стопер на тимот.
Покрај него, во срцето на одбраната ќе биде Марк Пубил, кој беше награден за својата фантастична сезона со Атлетико Мадрид. Тие ќе им се придружат на сигурните патници Ајмерик Лапорт и Пау Кубарси.
Остатокот од националниот тим, кој е актуелен европски шампион, го сочинуваат играчи кои беа лидери на играта во претходниот период, а ги предводи Ламине Јамал.
Составот на шпанската репрезентација:
Голмани: Унаи Симон, Давид Раја и Жоан Гарсија
Одбрана: Педро Поро, Маркос Љоренте, Лапорте, Кубарси, Пубил, Ерик Гарсија, Кукурела, Грималдо
Среден ред: Родри, Зубименди, Педри, Микел Мерино, Фабиан Руиз, Дани Олмо, Гави
Напад: Нико Вилијамс, Баена, Ојарзабал, Феран, Борха Иглесијас, Јереми Пино, Ламине Јамал и Виктор Муњоз.
The post Шпанците го објавија историскиот список за Светското првенство: Нема играч на Реал! appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



