„Душава ми ја изгоре, срцето ми го распарчи!“ Се огласи сопругата на Ристе Велков, сите ги растажи

Оперскиот пејач Ристе Велков (51) загина заедно со синот Адам Велков (20) и негови другари Марко Ѓорѓиевски и Петар Миланов.

Тие загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи во четвртокот на 21. мај. на обиколницата на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. До несреќата дојде откако Б.Б. (76) од Косово, управувајќи камион изгубил контрола и преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот.

Камионот директно се судрил до патничкото возило БМВ управувано од Ристе Велков, по што настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле.

Сопругата на Ристе Велков, Христина Велкова, по несреќата се огласи на својот профил на социјалните мрежи со тажна објава.

Таа во својата порака се збогуваше од синот и сопругот, а нејзините тажни зборови никого не оставија рамнодушен.

„Збогум љубов моја! Збогум кралу мој! Збогум мој NABUCCO! Денешното испраќање до твоето вечно почивалиште беше токму како сцена од “Nabucco”- силна грмотевица и гром го погоди мојот Набуко но овој пат засекогаш. Денеска и небото плачеше со нас за тебе и за нашиот принц Адам. Чувај го таму горе како што го чуваше овде на земјата, а јас ти ветувам дека душата ќе ја дадам за да ја пораснам и изведам на прав пат нашата малечка Марија. Збогум љубов моја“, напиша Христина скршена од болка на својот Фејсбук профил.

Таа потоа сподели и една фотографија на која е нејзиниот покоен син со неговата сестричка, па ги напиша следните зборови:

„Ах, Адам мој! Прва радост моја! Душава ми ја изгоре, срцето ми го распарчи! Си замина без поздрав, без да те прегрнам и помирисам за последен пат. Ме научи многу работи, но не ме научи како да живеам без тебе, без твојата најубава насмевка, без твојот глас“.

„Збогум чедо мајкино, не си сам, со тебе се тато, Петар и Марко. Ќе биде многу тешко без тебе. Збогум најмил мој!“, напиша таа.

Пронајдете не на следниве мрежи: