Дванаесетгодишно дете е повредено во скопската населба Драчево откако две лица кои се возеле со мотор му се доближиле и едниот од нив, 18-годишник, го фатил детето за рака по што тоа паднало и било влечено по улицата.
Случајот во полиција го пријавил неговиот дедо.
– На 25 мај oколу 14:00 часот во СВР Скопје, Б.С.(71) од Скопје пријавил дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица во Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице. Според пријавата, сопатник на моторот бил А.Х.(18) од Скопје, кого детето го познавало. Во еден момент А.Х. го фатил детето за рака, а моторот продолжил да се движи, по што малолетникот паднал и бил влечен по улицата, го потврди случајот МВР.
The post Дете влечено од мотор по улица во Драчево appeared first on Provereno.



