Двајца косовски државјани криумчареле мигранти, заработија 30-дневен притвор

Двајца косовски државјани се приведени и против нив е поднесена кривична пријава за криумчарење мигранти. Определен им е 30-дневен притвор.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера на наплатната станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, приведени се А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово.

– Претходно, полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.Г., при што во возилото „фолксваген“ биле пронајдени седум лица мигранти од Египет и било констатирано дека возилото „шкода“ било претходница, информира МВР.

Двајцата се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје, а мигрантите се сместени во Центар за баратели на азил во Визбегово-Скопје.

The post Двајца косовски државјани криумчареле мигранти, заработија 30-дневен притвор appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: