Филипче со честитка за Курбан Бајрам: Празникот нè потсетува на солидарност и човечност

Претседателот на Венко Филипче упати честитка до сите верници од исламска вероисповед по повод големиот празник Курбан Бајрам, посакувајќи им мир, здравје и благосостојба.

Во честитката, Филипче истакнува дека Курбан Бајрам е симбол на човечноста, пожртвуваноста и грижата за сите, кој потсетува дека вистинските вредности се во солидарноста, подадената рака и подготвеноста за помош кон секого.

Тој нагласува дека во духот на празникот треба да се покаже поголемо разбирање, почит и грижа едни за други, при што, како што наведува, силата на едно општество се мери преку неговата обединетост, хуманост и заедничко справување со предизвиците.

„Нека празничните денови донесат духовен мир, здравје, радост и благосостојба во секој дом“, се наведува во честитката на Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи: