Остануваат само 4 дена до 1 јуни – рокот на Христијан Мицкоски за исполнување на сите 10 точки од Реформската агенда. 4 дена до уште едно неисполнето ветување, се вели во соопштението на СДСМ.
Опозициската партија вели „4 дена до нови докази дека организираната криминална група ВМРО-ДПМНЕ намерно ја блокира европската иднина на Македонија. Од 10 клучни точки, само две се делумно имплементирани за две години. Сега, осум требаше да бидат завршени за еден месец. Ова не се реформи, ова се лаги. Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака да ги исполни.Тој не ја сака ЕУ, затоа што европските реформи носат закон и правда. Тој не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство. Затоа не сака да ги вклучи малцинствата во Уставот, што е европско прашање, фундаментално за да се излезе од ќорсокак. Затоа што тоа би значело правда и крај на неговата криминална одбрана. Наместо да продолжи по европски пат, тој нè води во изолација. Наместо реформи – нови лаги. Уште 4 дена се доволни за да се види вистината: Мицкоски не ја сака ЕУ. Тој сака влада без контрола и без одговорност. „Граѓаните повеќе не веруваат во празни ветувања“, велат од СДСМ.
Ставот на партијата е „откако признаа дека лажеле во кампањата за враќање на името, за Преспанскиот договор, дека македонскиот јазик, култура и национален идентитет се загрозени, доаѓа уште едно признание дека лажеле за реформите. На граѓаните им е јасно дека Мицкоски лаже за сè, ВМРО-ДПМНЕ лаже за сè“.
The post СДСМ: Со Мицкоски нема интеграција во ЕУ, наместо да продолжи по европскиот пат, тој нè води во изолација appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



