Поразителни статистики: За 4,1% намален бројот на новородени

Македонија и натаму старее. Негативниот прираст во првото тромосечје од годинава е забележано во 66 општини – покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, објави Тв24.

ДЗС: Во првите три месеци од годинава се родени 3.380 деца, што претставува пад од 4,1 проценти во споредба со истиот период минатата година. Истовремено, бројот на починати лица изнесува 5.342, односно е намален за еден процент во однос на првиот квартал лани. Меѓу починатите се евидентирани и девет доенчиња.
И податоците на Евростат покажуваат намалување на населението во Македонија – што ја става земјата во групата на држави со водечки негативни демографски трендови во Европа.
Причините се негативен природен прираст и иселување – тренд кој веќе подолг период е присутен во земјата.
Евростат: Според статистиката, бројот на жители во земјата е намален за околу 14.500 лица во период од три години. Во 2022 година Македонија имала 1.837.114 жители, во 2023 година 1.829.954, во 2024 година 1.826.247, додека во 2025 година бројот се спуштил на 1.822.612 жители.
Социолог Илија Ацески вели дека проблемот е доста сложен. Со оглед на тоа како земјата се развива последиците вели веќе се чуствуваат. Коренот на проблемот лежи во образовниот процес и промената на вредносните позиции кај младите
Вчера се огласија и од МПЦ. Оттаму најавија формирање на фонд кој ќе помага на многудетни семејства.
Владата пак веќе разгледува мерки за даночно олеснување за мајките, поддршка за семејствата, како и  подигнување на јавната свест за демографските предизвици.
За да се справи со негативниот пророден пристат новата власт вработи и специјален советник за намалениот наталитет, а министерството за труд доби проширена дејност за демографија и млади, но резултатите ниту на повидок.
Македонија на врвот на неславната листа на земји со најголем број пензионери и се помал број на новородени.
Тв24

The post Поразителни статистики: За 4,1% намален бројот на новородени appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: