Поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен привлече внимание на социјалните мрежи со објава во која остро го критикува модерниот дизајнерски правец на Ферари.
Тој наведува дека Ферари „се претворил од вистински V12 симбол на моќ и карактер во тивок, вештачки и минималистички автомобил што личи на iPhone на тркала“.
Ловрен верува дека новите трендови промовираат минимализам и оддалечување од традиционалниот идентитет на спортските автомобили. „Пораката е јасна: вистинските мажи се застарени. Прифатете ја новата мека, минималистичка агенда и продолжете понатаму“, се вели во објавата.
На крајот, тој го споменува и легендарниот Енцо Ферари , со коментар дека би бил згрозен од денешниот дизајнерски правец на познатата италијанска марка.
The post ЛОВРЕН ОШТАР „Пораката е јасна – вистинските мажи се застарени“ appeared first on Во Центар.



