Интерпелацијата за министерот Трипуновски на 10 јуни на пленарна седница

Интерпелацијата за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски ќе се најде на собраниска седница на 10 јуни, изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши.
За интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски што денеска ја поднесе Левица, Гаши рече дека ќе биде процесуирана согласно роковите, а истото ќе важи и за интерпелацијата за него што ја најави СДСМ.
Гаши тврди дека не го прекршил Деловникот за работа и своите надлежности со назначувањето на Бојан Стојаноски за претседавач на Комисијата за финансирање и буџет.
Свикувањето на седницата на која се расправаше за заемот од 260 милиони евра и нанзчаувањето на Бојан Стојаноски за претседавач беше причина СДСМ да најави интерпелација за Гаши.

The post Интерпелацијата за министерот Трипуновски на 10 јуни на пленарна седница appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: