Скандал во Бразил пред Светското првенство: Лекарите лажеа за повредата на Нејмар

Кога тренерот Карло Анчелоти објави дека го вклучил Нејмар во составот на Бразил за Светското првенство, навивачите во земјата беа воодушевени, но сега се подготвува голем скандал.

Како што пишуваат медиумите во Јужна Америка, се поизвесно е дека Нејмар бил повреден кога го добил повикот од Анчелоти, а тоа го криеле лекарите на неговиот клуб Сантос.

Денес беше потврдено дека Нејмар ќе отсуствува најмалку две до три недели поради повреда на листот, што значи дека ќе ги пропушти подготвителните натпревари против Панама и Египет, а веројатно и првиот натпревар од Светското првенство против Мароко.

„Нејмар пристигна тука во кампот вчера и ги помина сите медицински тестови, кои завршија со магнетна резонанца. Таа откри повреда на листот од втор степен, не само едем. Се очекува дека ќе биде подготвен за најмногу дваесет дена“, кратко изјави докторот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар.

Некои бразилски медиуми се сомневаат дека ја криеле повредата на Нејмар во Сантос за да не дојде во прашање поканата на Анчелоти за Светското првенство.

Наводно, на 18 мај, Националниот институт за безбедност на Бразил добил документ заверен од лекарите на клубот дека сè е во ред со поранешниот играч на Барселона и ПСЖ. Дури и претседателот на клубот, Марсело Тешеира, дал изјави во согласност со писмото, велејќи дека нема ни најмала причина за загриженост.

После тоа, под притисок на јавноста, Анчелоти го вклучи Нејмар на списокот, но веднаш им даде до знаење на сите дека нема да има загарантирано место во стартниот состав.

Сега е сè поизвесно дека Нејмар нема да биде подготвен за Светското првенство, каде што Бразил се натпреварува во група со Мароко, Хаити и Шкотска.
The post Скандал во Бразил пред Светското првенство: Лекарите лажеа за повредата на Нејмар appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: